Демантот на МВР во врска со незаконското третирање на турските државјани на македонските гранични премини не само што е тотално бесполезен, туку е и крајно некомпетентен. Имено,министерот Чавков да престане да манипулира со бројки кои се достапни на сите граѓани и да излезе со прецизна бројка на турските државјани кои се вратени од граничните премини без никакви причини и образложенија, побара пратеникот Енес Ибрахим од Партијата за Движење на Турците во Македонија.
-Никако не можеме да ја сфатиме причината на манифестираните предрасуди кон турските државјани. Време е да се пристапи поискрено кон пријателските држави. Крајно недозволиво е на произволен начин да се загрози правото на слободно движење. Но доколку власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше намера да ја зголеми бројката на турските туристи ќе ги зголемеше и субвенциите кога станува збор за туристите кои допатуваат од Република Турција.
Уште еднаш го замолувам министерот Чавков да си го искроисти својот последен работен ден на плоден начин и да изнесе прецизни информации по ова прашање, рече Ибрахим.