На ЈуТјуб се појави видео на кое се споредува брзината на двата паметни телефони Galaxy Note 7 и iPhone 6S. Споредено е колку брзо овие два паметни телефони отвараат повеќе апликации вклучувајќи и игри.
Двата телефона се поврзани на иста Wi-Fi мрежа, а во позадина не им работеле апликациите.
Galaxy Note 7 е најнов производ на Самсунг, додека за Епл тоа е iPhone 6S.
Видеото е поделено на два екрани за да се види истовремено работата на Самсунг и на Епл телефонот. Брзината се мерела со штоперица, а на двата телефона се отварани исти апликации.
Првата апликација која е отворена била Фејсбук, а потоа Твитер. Потоа Note 7 бил за нијанса побрз од iPhone 6S.
Меѓутоа, кога на двата телефона е покрената играта Asphalt Airborne 8, iPhone преземал доминантно водство.
Од тој момент, тестот за брзината бил во корист на Епл. IPhone 6S успеал да ги отвори сите апликации за минута и осум секунди додека на телефонот на Самсунг му требало минута и 22 секунди.