Во сирискиот град Хасака денеска повторно избија судири меѓу курдските сили и сириската армија, јави сириската курдска новинска агенција „Хавар“.
Судирите уследија откако вчера накратко беше прекинато насилството.
Авиони на сириската армија минатата седмица бомбардираа позиции на Курдите во градот Хасака. а вчера насилството беше прекинато по објавувањето на веста за можно примирје.
Сириската влада и курдското движење во првите години од граѓанската војна во Сирија ја делеа контролата врз Хасака.