Кога во Собранието го гласав законот за Специјално јавно обвинителство во ниедна одредба не стоеше дека предистражната постапка, која е тајна треба да биде за медиумско-политички циркус, рече по распитот во СЈО Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ.
– Вие сте сведоци на тој медиумско-политички циркус и јас сум убедена дека оние кои што ве повикале ќе ви дадат изјава зошто сум повикана, за кој предмет и што се разговарало, рече Бонева.
Во Специјалното јавно обвинителство на распит влезе и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.