Турскиот Парламент го ратификуваше Договорот со Израел

Од:

Турскиот Парламент денеска го ратификува Договорот за нормализација на односите со Израел, што беше пролонгирано поради обидот за пуч.

Ратификацијата на Договорот ќе овозможи воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави и размена на амбасадори.

Во јуни Турција и Израел потпишаа Договор за обнова на односите кои беа нарушени по инцидентот од 2010 година, кога припадници на израелската Воена морнарица убија 10 турски пропалестински активисти, кои сакаа со брод да ја пробијат блокадата на Појасот Газа.

Текстот на Договорот потврдува дека Израел ќе и исплати на Турција 20 милиони отштета во рок од 25 денови.

Израел во јуни го одобри Договорот постигнат со Турција.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он