Саити: Средствата за настраданите ќе се делат линерано и по список

Од:

Акцијата за собирање средства за настраданото населението во поплавите во скопскиот регион ќе трае до 22 август, по што ќе се направи анализа на динамиката на уплатите. Ќе се оцени дали ќе се продолжи понатаму со акцијата или ќе се направи пресек и ќе се пристапи кон доделување на средствата на семејствата од загрозените подрачја.

Ова денеска на прес-конференција го истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, кој рече дека по завршувањето на акцијата, по правењето пресек, ќе формираат тело составено од чинители кои се контрибутори на средствата во Фондот кои ќе имаат увид и кои ќе ја констатираат состојбата, валидноста, транспарентноста итн.

Средствата, посочи, ќе бидат во вид на помош и поддршка на настраданото население.

– Значи правиме разлика од компензација. Ние даваме помош на населението. Тоа ќе се направи откога ќе бидат достапни списоците од направената проценка за претрпената штета.

Мораме да имаме инструмент или момент од кој ќе се тргне за да се направи дистрибуцијата. Не можете во една ситуација кога се уште ние не знаеме колкав е бројот на семејствата кои се погодени од поплавите да вршиме поделба на средствата, потенцира Саити.

Нагласи дека кога ќе се уверат дека е достапен списокот на семејства веднаш Црвениот крст ќе пристапи кон доделување на средствата. Принципот според кој ќе биде направен, укажа, ќе биде дискутиран денеска и веројатно ќе биде по пат на линеарен надомест односно линеарна помош и поддршка на настраданите семејства.

Во врска со досегашните активности на Црвениот крст, рече дека биле активирани целокупните нивни логистички капацитети.

– Беа вклучени цело време околу 100 наши волонтери на терен кои перманентно преку мобилните тимови ја вршеа дистрибуцијата и дотурот на хуманитарната помош и уште 200 волонтери на дневна основа вршеа подготовки на хуманитарната помош кои се дистрибуираше во загрозените подрачја, рече Саити.

Осврнувајќи се на условите во кои делувале, истакна дека улогата на Црвениот крст во случај на елементарни непогоди аналогно на улогата на сите национални друштва во сопствените држави, е регулирана во Женевските конвенции и подразбира улога на помагател на власта во државата.

– Црвениот крст имаше улога на помагател на власта во поефикасно спроведување на активностите. Нашата улога во мирнодопски услови односно во услови на редовно делување е исто така позиција во еден дел на помагател на власта и на политиките во државата во делот на подобрувањето на условите за живот и учество во намалување на ранливоста на населението, посочи Саити.

Тој потенцира дека досега Црвениот крст на Република Македонија од почетокот на активностите поделил 28.250 пакети со храна (еден пакет е наменет за четири лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 1.948 конзервирана храна, 17.619 литри млеко, 15.422 литри јогурт, 4.538 пакети со хигиена, 683 бебешки пакети, 265 тони вода, 746 пакети пелени, 556 душеци, 4.392 кебиња, 600 кг.облека, 734 парчиња чизми, 332 литри дезинтал, 98 градежни колични, 126 лопати, 1.036 маски.

– Досега се собрани 31.570.576 денари на сметката на Фондот на солидарност. Заклучно со вчерашниот ден се собрание 13.069.400 денари со повик на граѓани телефонските броеви за донации. Вкупно собрани средства се 44.639.976 денари, рече Саити.

Во однос на идните планови, нагласи дека Црвениот крст веќе аплицирал во идниот фонд за одговор во вакви ситуации во Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина со проект и апликација во висина од 300.000 франци. – Таа веќе е направена и прифатена и до понеделник средствата ќе му бидат доделени на Црвениот крст. Од тие средства ќе се набават сите потребни работи кои согласно нашата проценка се направени во вид на храна, хигиена за натамошна поддршка на семејствата во настраданите подрачја во наредниот период, појасни Саити.

Кон оваа апликација, посочи, дополнително сме во контакт со Австрискиот црвен крст и се работи за поддршка од нивна страна во висина од 500.000 евра. Станува збор за проект на апликација.

– Се работи за заедничка работа меѓу Црвениот крст на РМ и Австрискиот црвен крст на изготвување на апликација која ќе ги прифати и опфати сегментите на терен кои се помалку покриени од досегашната активност. Значи внатре ќе има повеќе ставки за поддршка, а една од нив ќе се состои во дополнителна помош и поддршка на ранливите семејства (со инвалиди, во социјален ризик…) кои ќе бидат одбрани согласно принципите односно инструментите на Црвениот крст за оценување и проценка за ранливоста на населението, рече Саити.

Додаде дека ќе работат со децата и наставниците во училиштата во погодените региони во делот на подигнување на свеста за опасноста и ризиците од ваков вид елементарна непогода, и со локалната самоуправа и сите фактори на терен во смисла на подобрување на капацитетот за отпорност на заедниците.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски