Косово набрзо ќе добие телефонски префикс 383

Од:

Владата во Приштина најави дека денеска во Брисел ќе ги преземе сите чекори со цел Косово да добие сопствен телефонски повикувачки број, а министерката Едита Тахири очекува тој број да биде 383, објави весникот „Епока“.

Според косовската влада, тоа би било напредок во тој процес по последната рунда разговори, што се одржаа на 2 и на 3 август.

Тахири пред заминувањето за Брисел истакна дека е оптимист и дека состанокот ќе доведе до договор со кој „многу брзо ќе биде воведен телефонскиот префикс 383 за Косово“.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски