Црвен Крст дистрибуира 60 тони вода и 8.283 пакети со храна

Од:

Изминатите четири дена тимовите на Црвениот крст на РМ до најпогодените подрачја од саботното невреме дистрибуираа 8.283 пакети со храна (секој наменет за четири лица), 818 пакети со хигиенски средства, 60 тони вода, 350 пелени, 394 душеци, 1.078 кебиња и 598 килограми облека.

Укажани се и 50 асистенции по прва помош, а реализирани се и четири медицински транспорти.

Во помагањето на загрозените земејства се вклучени 80 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), седум мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.

На жиро-сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, на која правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош, досега се собрани 9.630.333 денари. На телефонските линии 075/070/077 143 400 се собрани 8.918.000 денари.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски