Власта ги следеше, малтретираше, бркаше и разместуваше од работа, праќаше инспекции и контроли, апсеше зошто барајќи правда и здрави и кредибилна институции, ги шараа институциите кои генерираа неправда, ги шараа криминалните барокни зданија. Медиумските полтрони снимаа прилози каде “случајни” граѓани ги навредуваа, омаловажуваа, цела ЕБР им ја спротивставија. Деновиве тие истите, шарените, меѓу првите алармираа, организираа пунктови за помош, стигнаа таму каде војската и полицијата не можеше. Направија и анализа и поттикнаа активизам. Тие навистина не се сликаа, само на твитер рапортираа или алармираа.
Функционираат подобро од пола институции. Деновиве тие повторно се борат за здрави и кредибилна институции, а тоа се почнува со барање ОДГОВОРНОСТ! Не можеме да сме солидарни ако не сме одговорни. До кога господ ќе ни е алиби за нашата неуспешност? Верувам може да се најдат луѓе што ќе ги менаџираат институциите без да прават ПР од тоа, напиша Јани Макрадули на својот Фејсбук.