За 4 часа уметниците собраа 3000 евра и денеска продолжува хуманитарната изложба за настраданите од поплавата

Од:

100- тина уметници ги донираа своите дела на продажната хуманитарна изложба, која се одржа вчера вечер во Концепт 37. Изложбата била орагнизирана за еден ден откако Владимир Лукаш на фејсбук ги повика своите колеги да донираат за семејствата што настрадаа во поплавата. Ова е прв пат околу една иницијатива да се соберат толкав број уметници.

На вчерашната продажба за само четири часа беа собрани 178 475 денари или околу 3000 евра. Просторот беше претесен да ги собере сите што дојдоја да купат уметничко дело, меѓу посетителите на изложбата беше и амбасадорот на САД Џес Бејли со сопругата. Тој рече дека вакви акции треба да се оргаизиираат во што поголем број.

– Само за половина час продадовме повеќе од десет слики, одзивот е многу поголем отколку што очекувавме, вели Маја Чанкуловска – Михајловска, кураторка која се вклучи во организацијта на настанот.

Дел од уметниците се вклучиле бидејќи сметаат дека надлежнте институции не се справуваат соодветно и потребно е граѓаните самите да се организираат и да помогнат онаму каде што е најпотребно.

Иницијаторите одлучија акцијата да продолжи и во текот на денешниот ден, а уметниците можат да донираат свои дела во „Концепт 37“, каде сѐ уште има и други дела за продажба. Повикот е отворен до сите што се занимаваат со уметничка работа, бидејќи на изложбата се продаваат цртежи, слики, графики и скулптури, накит, керамика, книги и други уметнички предмети.

А.Б.

Би можело да ве интересира

„Матица македонска“ го објави романот „Турчинот шахист“ од Шурбатовиќ во превод на македонски јазик

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Почина познатата шпанска актерка

Украина го критикуваше Вуди Ален за неговото учество на Московската филмска недела