Одново фрлен солзавец во косовскиот Парламент

Од:

Солзавецот повторно се врати во косовскиот Парламент и тоа во момент кога Комисијата за надворешни работи го разгледуваше предлог документот за демаркација на границата со Црна Гора, објавија приштинските медиуми.

Полицијата е во потрага по претставникот на опозициското движење Самоопределување, Дритон Кауши, кој се обидел со солзавец да го спречи усвојувањето на овој документ.
Сепак документот е усвоен со шест гласови, а на состанокот присуствувале пет пратеници на Самоопределување.

Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, кој е потпишан минатиот август во Виена, треба да се најде на дневен ред на косовскиот Парламент в четврток.

Овој документ е многу важен за Приштина, бидејќи од неговото усвојување зависи дали Брисел ќе одобри визна либерализација за косовските граѓани.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски