Само неколку недели пред конечното претставување на АјФон 7 и АјФон 7 Плус најголемите ентузијасти дојдоа до првиот прототип на уредот на Епл.
Екипата на ЈуТјуб каналот Unbox Therapy имаше прилика да ги искуси физичките карактеристики на прототипот, а прво што го разликува седмиот АјФон од неговиот претставник е необичната сина боја. Секако, новиот уред на Епл ќе доаѓа и во други изданија, но ова е прв пат американската компанија на некој свој производ да користи боја на небо.
Понатаму, очигледна е разликата и во камерата, т.е. во двојниот објектив кој ќе биде поефикасен, но и физички по испакнат од претходникот, што предизвикува поголема нерамнина при легната положба на телефонот.
Следната промена е антената, т.е. нејзината позиција на уредот. Епл ги промени традиционалните линии на позадината и ги помести на врвот, т.е. на дното на АјФонот. Една од мистериите се трите контактни точки при дното на уредот кои имаат потенцијал за користење при безжично полнење и поврзување со физичка тастатура или камера. Многу повеќе информации ќе бидат достапни во септември. Секако, најкотроверзната разлика која е очигледна на прототипот е немање на влез за слушалки кои во иднина ќе бидат безжично поврзани или со адаптер. Наместо 3,5 милиметарски влез, АјФон се чини ќе добие уште еден звучник кој би можел значително да ги подобри звучните перформанси на смартфонот на Епл.