Роберт де Ниро доаѓа во Сараево

Од:

Легендарниот холивуски актер, Роберт де Ниро ќе ја прими почесната награда на овогодинешниот 22. филмски фестивал во Сараево, каде што ќе го претстави култниот филм „Таксист“ на Мартин Скорсезе.

Актерот, режисер и продуцент Де Ниро, кој двоен добитник на наградата „Оскар“, петпати номиниран за најпрестижната награда во филмскиот свет, награден со „Златен глобус“, во Сараево ќе ја прими наградата за животно дело за исклучителен придонес во филмската индустрија „Почесно срце на Сараево“ која се доделува првпат.

– Голема е честа Де Ниро да биде првиот добитник на „Почесно срце на Сараево“ за животно дело. Од моментот кога првпат се сретнавме пред десетина години, работевме на тоа тој да дојде во Сараево. Ете, дојде и тој ден и многу сме возбудени – изјави Мирсад Пуриватра, директор на Сараевскиот филмски фестивал.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик

Пукање во Сараево, полицијата во потрага по двете криминални групи

Од ноември нема веќе летови Скопје-Сараево

A1on

Пожар во Сараево, гори минирана површина