Прекин на сообраќајот по обиколницата од клучка Хиподром до клучка Сарај

Од:

Сообраќајот по обиколницата од клучка Хиподром до клучка Сарај е во прекин синоќа од 20 часот поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода.

Диспечерски информативен центар на ЈП Македонијапат и Авто мотосојузот утрово соопштија дека прекинот ќе трае до завршување на активностите околу нејзино расчистување.

Од 1.45 ноќеска прекин на сообраќајот има на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје кај клучка Југ, патничкиот сообраќај е пренасочен преку градско подрачје до клучка Север.

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Според утринскиот извештај на АМСМ, на граничните премини нема задржувања подолги од половина час за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски