Косовската полиција нуди награда од 10.000 евра за полезна информација поврзана со лицата кои го извршија нападот врз зградата на Парламентот на Косово, јави дописникот на МИА.
– Во четвртокот во 23:05 часот, косовското Собрание со експпозивна направа беше гаѓано од далечина, а полицијата до доцна синоќа не успеа да ги пронајде сторителите, објави елекронското издание на весникот „Експрес“.
Според полицијата, пронајдено е средство за испукување на граната со кое се верува дека е извршен нападот. Исто така, во близина е пронајден запален мотоцикл, со кој се верува дека напаѓачите пристигнале и избегале од местото на настанот.
Во врска со нападот реагираше и специјалниот претствавник на ОН за Косово, Захир Танин кој го осуди нападот и искажа убедување дека сторителте ќе бидат откриени и казнети.
– Ваквите криминални акти, како што е нападот врз Парламентот на Косово, кој за среќа предизвика само материјална штета, не треба да се повторат. Искажуваме целосна поддршка за државните авторитети во истрагата на овој случај, изјави Танин.