Да се биде или не за Јувентус и Челзи

Од:

Вечерашниот дуел во Торино меѓу Јувентус и Челзи е одлучувачку двобој за пласманот во следната рунда од Лигата на шампионите.

Со оглед на тоа дека Шахтар гостува кај Нордсјеланд, каде што се очекува да освои три бода, притисокот ќе биде присутен и кај Јуве и кај Челзи. Поразот не е во комбинација ниту за Челзи ниту за Јуве. И додека за домашните не одговара ниту реми, „сините“ можат да си дозволат денеска да останат непоразени, бидејќи во последното коло го пречекуваат тимот од Данска.

Домашните ќе имаат тешка задача бидејќи денеска мораат да притиснат уште од стартот и да го надиграат актуелниот освојувач на Лигата на шампионите. Немаат право на кикс, па затоа на овој дуел се очекува да бидат на високо ниво.

„Лесно можеше да се случи денеска да бидам во дресот на Челзи како гостин во Торино. Сепак, кога преговарав со овој тим, не добив дозвола од Милан. Потоа се преселив во Јуве и сега ќе се обидам со овој состав да стигнам во осминафиналето. Очекувам да имаме добар резултат. Сите сме свесни дека денеска мораме да бидеме на високо ниво. Не очекува тежок дуел на кој не смееме да загубиме. И нерешено може да биде поразително, па затоа мораме со сите сили да тргнеме по триумф и да се обидеме да стигнеме до трите поени“, вели еден од најискусните во Јуве, Андреа Пирло.

Дилемата на Ди Матео за вечерва е со кој напаѓач да го стартува мечот против Јувентус. Торес сезонава редовно добиваше предност во однос на Стариџ, но лошата форма би можела да биде причина за замена. Тоа е најава и за одредени промени кои може да се случат дури и пред самиот старт на средбата, односно пред излагањето на фудбалерите на загревање.

„Се уште размислувам, а така ќе биде ди последен момент. Се обидувам да дојдам до вистинското решение за нападот. Доколку биде потребно, тогаш за овој меч може да му дадам предност на Стариџ. Се гледа дека знае да биде опасен, па затоа ќе се обидеме да бидеме колку што е можно повеќе опасни“, Ди Матео.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска