Фекални бактерии во водата за пиење на Шапка и Пелистер, никој не презема ништо

Од:

Водата за пиење на туристичкиот центар Попова Шапка е загадена, покажуваат последните испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово. Од таму истакнуваат дека загадувањето е резултат на неодржување на резервоарите на водата за пиење.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, кое е одговорно за оддржување на системот не даваат никаков одговор дали ќе преземат нешто за прочистување на водата и зошто нема известување за фекалното загадување на водата.

Вода за пиење нема ниту во националниот парк Пелистер. Таму пред два-три дена на чешмите на Голема Ливада, Бегова Чешма и други локации беа истакнати написи дека водата е забранета за пиење.

Анализите на Центарот за јавно здравје на планинските води на Пелистер покажале 9 проценти хемиска и 77 проценти бактериолошка неисправност.

Во најстариот национален парк во земјава и по десет години не е дограден колекторскиот систем. Изградбата започна во 2006 година кога беше поставена колекторска мрежа од 2,5 километри, а остана да се изгради и постави прочистителна станица и да се приклучат објектите на Пелистер кон мрежата.

Би можело да ве интересира

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар изгубен на Пелистер, акцијата во тек

Предраг Петровиќ

Трибина „70 години ракомет во Битола“

76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Падна првиот снег

Катерина Ѓуровски

УЈП во лов на фирмите поврзани со „Рекет“, контроли на фирми во Струга и во Битола

Маја Илиевска-Пачемска