ДУИ: Изразувањето на идентитетот не е провокација

Од:

Употребата на албанското знаме не е провокација, знамето е симбол на 25% граѓани, а неговата употреба е регулирана со закон.

Знамето е во контекст на јубилејот 100 години од независноста на Албанија, што за нас е најголем празник

Вака во ДУИ објаснуваат зошто е поставено шест метарското знаме во кичевското село Грешница, а најавуваат дека ќе следуваат уште знамиња.

„Изразувањето на културниот идентитет на една заедница по никоја основа не ја загрозува другата заедница. Тие предрасуди мора да ги тргнеме. Рамковниот договор ни даде рамка да живееме еден со друг и да се почитуваме. Меѓусебното почитување е основа на градење доверба и соживот. Треба да се внимава на чувствителноста кај граѓаните за вакви празници – изјави Бујар Османи“, портпарол на ДУИ.

Во партијата велат дека тензиите околу поставувањето на албанското знаме нема да и помогнат на ДУИ повеќе да ја промовира употребата на државното знаме.

Од ДУИ најавија дека знамето во Грешница, на јарбол висок 35 метри, ќе остане и по 28 ноември, кога е денот на јубилејот и Денот на знамето.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче