Ќе се договараат законите за МВР, медиуми и за Влада

Од:

Претставници на 4-те партии, потписници на Пржинскиот договор, денеска треба да седнат на маса, за да ги усогласат договорените измени во Законите кои во наредниот период треба да ја поминат и собраниската процедура.

Тоа се решенија за медиумите, ингеренциите на опозициските министри, мандатот во преодната влада и законот за МВР.

Во однос на Законите за медиуми, каде усогласувањето ќе оди најтешко, ќе треба да се предвиди назначувањето на главниот и одговорен уредник на Јавниот сервис МРТВ. кој треба да го предложи опозицијата како и формирањето на ад хог тело кое ќе ја мониторира работата на медиумите 100 дена пред одржување на изборите.

Во Законот за Влада треба да се ограничи мандатот на опозициските функционери и да се предвидат оставките по изборите, но и да се прецизира дека министерот за внатрешни работи има право на кадровските измени на 15 раководители во МВР. Во преодните и завршни одредби во Законот за полиција ќе треба се наведе дека последните измени што беа направени пред неколку недели, а се однесуваат на ингеренциите на министерот, за што имаше лавина реакции во јавноста, стапува на сила од јануари
2017.

И овие измени во законите треба да се усвојат во Собранието.

ДИК почна со работа околу последните измени за спорните гласачи. Велат ќе подготвуваат упатства, формулари за пријавување и ќе објават јавен повик на својата интернет страница како и на страниците на дипломатско – конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство. Веќе во вторник треба да бидат објавени и имињата на спорните гласачи.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски