Непознат маж се расправа од својот балкон со убиецот во Минхен, 18 годишниот Германец со иранско потекло и жестоко го навредува откако го забележа на покривот на трговскиот центар Олимпија.
Разговорот е полн со псовки, а жителот на Минхен му дофрлаше секакви навреди.
-Треба да ти ја отсечат главата. Проклети странци. Па што правиш? викаше мажот, од кого убиецот побара да престане да снима.
-Јас сум Германец. Поради такви како тебе ме малтретираа и злоставуваа седум години. Овде сум роден, затвори ја устата, одговори убиецот кој потоа почна повторно да пука.
Напаѓачот по нападот во трговскиот центар се самоуби, а шефот на полицијата Хубертус Андрае на конференцијата за новинари рече дека дејствувал сам и дека мотивите за злосторството засега не се познати.
Interesting exchange in German (((
pic.twitter.com/OKnZTTWnDN— InterGarfield (@InterGarfield) 22 July 2016