Напаѓачот во Минхен изврши самоубиство, се уште не се познати мотивите за нападот

Од:

Девет жители на Минхен се убиени, а 16 се ранети во нападот во трговскиот центар, а меѓу нив неколку деца, три лице се во критична состојба. Напаѓачот е 18 годишен Германец со иранско потекло, кој нема зад себе никакво криминално досие и најверојатно дејствувал сам. Полицијата се уште истражува дали имал помошници, а за напаѓачот кој бил жител на Минхен и имал двојно државјанство, засега се тврди дека се работи за “пореметена личност“.

Неговото тело полицијата го пронајде неколку часа по нападот во трговскиот центар во Минхен, откако изврши самоубиство. Локалната власт во Минхен смета сека дејствувал сам, но полицијата претходно официјално соопшти дека се трага по тројца напаѓачи. Мотивите се уште не се јасни, ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот.
-Мотивите за ова злосторство, се уште не се јасни, рече министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнамајер.
Жена која се најде на местото на пукањето за Си Ен Ен кажа дека била во Мекдоналдс кога маж со пушка почнал да пука насекаде.

-Излегов од тоалетот и слушнав некој аларм. Убиваше деца. Децата седеа и јадеа, не можеа да избегаат, рече таа.
Жената тврди дека напаѓачот викал “Алах Акбар“ додека од друга страна, на Твитер е објавена снимка на која се слуша како вика дека е Германец.

Како што пренесуваат медиумите, шопинг центарот “Олимпија“ се наоѓа во населбата Хасенбергл во која живеат голем број имигранти.

Би можело да ве интересира

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

(ВИДЕО) Хаос во Минхен: 30.000 куфери расфрлани низ аеродромот

А1он

Климатски активисти ги блокираа аеродромите во Минхен и во Берлин

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Гостите на Октоберфест во Минхен скокаа од радост кога ја слушнаа „Каљинка“

Горан Наумовски

Германија и Израел денеска ќе одбележат половина век од нападот на ЛОИ во Минхен

А1он

Германската Влада ќе им плати отштета на семејствата на жртвите од масакрот во Минхен 1972