СДСМ: Груевски продолжува со лажните инвестиции, распадот на здравството не може да го сокрие

Од:

Не можејќи да се помири дека никогаш повеќе нема да биде премиер и политичар, Никола Груевски продолжува со парадата и увидот на некакви лажни инвестиции.

Денес, по трет пат, Никола Груевски присуствува на свечено пуштање на фабриката „Гентерм“ во Прилеп?

По трет пат го прашуваме, каде се ветените 2.000 вработувања во оваа странска инвестиција и зошто власта ги остави на улица избрканите работници од Гентерм?

Со никакви фарси Никола Груевски не може да ја сокрие вистинската слика за распадот на прилепската болница, за распаднатите санитарии, плафони, недостигот на доктори и лекарства на сите одделенија.

Свесен ли е Никола Груевски дека Прилеп се уште мириса на фекалии од излиената канализација пред неколку денови, што е случај при секој пороен дожд?

Тоа е резултатот од криминалното владеење на Никола Груевски и неговиот локален послушник Марјан Ристески!

Уништено здравство, лажни инвестиции, криминал, корупција, провизии.

Заради сето ова, Никола Груевски и неговата банда ќе одговараат и пред законот и пред граѓаните, реагираат од СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски