Пливал еден километар до јахтата на Меси за да се фотографира со него

Од:

Сули, 24-годишен љубител на фудбалot од Шпанија е еден од ретките луѓе кои можат да се пофалат дека во текот на летувањето 20 минути ја делел јахтата со најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси. Младиот навивач на Атлетико Мадрид се наоѓа на одмор на Ибица, а кога сфатил дека на грандиозната јахта во близина на плажата Лес Салинес се наоѓа Меси, не се двоумел ниту секунда, за разлика од неговиот пријател кој останал на брегот.

Сули скокнал во водата и почнал да плива, понесувајќи го со себе само мобилниот телефон во ќесе, за да може да го овековечи моментот поминат со славниот Аргентинец. По повеќе од еден километар, Сули стасал до јахтата, на која Меси се одморал, но не сакал непоканет да се качи на бродот. Му се обратил на екипажот додека Лео не го повикал извесно време да помине во друштво на неговото семејство. Меѓутоа, проблемот настанал при фотографирањето.

Заштитата на Сули не издржала – водата пробила низ пластичното ќесе и ги намокрила телефонот кој се расипал. Меси замолил некој од екипажот да го фотографира со Сули и да му ја испрати на момчето.

– Беше тоа само километар пливање. Само сакав фотографија со Меси. Тој ме покани да се качам на бродот, ми понуди сок и малку поразговаравме – рекол Сули.

Сули рекол дека играл фудбал во текот на студентските денови, дека е роден во Мурсија, но дека навива за Атлетико Мадрид. Момчето открило дека претходното лето го запознал Тибо Куртоа за кого рекло дека бил исклучително пријатен.

– Го изгубив телефонот, но добив фотографија со Меси – рекол Сули.

Дваесетина минути по качувањето на јахтата, дошло време за враќање на брегот. Меси бил тој кој му понудил превоз до плажата, но Сули не сакал да прифати.

– Ми понуди транспорт до брегот. Одбив и пливајќи се вратив – рекол Сули.

Под силно влијание од големата спортска ѕвезда, Сули за „Мундо Депортиво“ открил за што разговарал со Меси.

– Додека ми се обраќаше и во текот на разговорот не стекнав впечаток дека е толку голема ѕвезда. Беше многу скромен, пријатен и гостопримлив, и покрај тоа што сите беа зачудени – заклучил Сули кој во ноќниот клуб на Ибица го видел и Кристијано Роналдо, големиот соперник на Меси, кој исто така, летува на овој шпански остров.

Сепак, тука на бил крајот на возбудувањата – при застанувањето во пристаништето, Сули по вторпат во денот се потрудил Меси да го препознае, а последната желба му била да се фотографира со неговиот пријател кој нешто порано останал на брегот. Потфатот на Сули е вреден за ризикот.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот