ФБИ трага по синот на политички моќно семејство од Струга

Од:

„Пред околу еден месец по претходна потерница од американската полиција (FBI) а во соработка со ИНТЕРПОЛ и македонската полиција, била запленета компјутерска опрема на стружанец, син на заменик директорката на едно од средните училишта од Струга“.

Ова го пишува порталот СТРУГА.МК кој посочува дека се работи за Ангел С. кој „извршил електронски упад во мрежата на моќни институции во Америка по што бил откриен од безбедносниот систем уште на првото ниво од заштита при што му било овозможено да влезе во виртуелен систем се додека не бил лоциран и откриен односно додека не му биле откриени IP и MAC адресите од неговиот компјутер а потоа FBI во соработка со ИНЕТРПОЛ и нашата полиција се пристапило кон приведување на стружанецот кој направил компјутерски криминал со тоа што прекршил многу закони и ги повредил правата за заштита на личните податоци“.

Порталот наведува дека целиот случај станал поинтересен откако се вмешала мајката на Ангел и почнала да реагира до високи претставници на власта во Македонија, а нејзини блиски пријатели.

„Дали Ангел ке одговара како и останатите кои направиле повреда на лични податоци преку електронски криминал или Ангел ке биде третиран како син на моќната мајка“, пишува порталот.

Според информацијата на СТРУГА:МК семејството важи за политички активно семејство од кое има повеќе членови поставени на раководни места во општината.

Би можело да ве интересира

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“

(ВИДЕО) Иран брутално нападна: Ракета падна до главниот нуклеарен објект на Израел

Предраг Петровиќ

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Јапонската премиерка стана вирален хит поради фотографија за време на вечерата во Белата куќа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран испали балистички ракети кон базата Диего Гарсија во Индискиот океан

Катерина Ѓуровски

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ