Претставниците на четирите политички партии и по цел ден поминат во Пржино не постигнаа согласност околу предлозите за излез од кризата. Час и половина после полноќ, тие ја напуштија резиденцијата во Пржино, а амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав појасни дека останало отворено само едно прашање.
-За многу прашања е постигната согласност, но остана уште еден прашање за кое не се дојде до решение. За жал, страните во преговорите не беа во можност вечерва да постигнат договор и се надевам дека ќе продолжиме што е можно побргу, рече амбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав.
Тој избегна да каже околу кое прашање партиите не можат да постигнат договор, но и за кои прашања е постигната окму согласност.
Неофицијално, проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ се противи да го повлече законот за МВР или да ја одложи неговата примена, односно одземањето на ингеренциите на идниот министер од опозицијата и нивно префрлање на владата. Со тоа практично владата би била полиција и би управувала со МВР, што не е прифатливо за опозицијата. Токму Догорот од Пржино предвидуваше опозицијата да го контролира МВР, поради сомнежите дека преку тоа министерство власта ги крадела изборите.