Граѓанска иницијатива: Кој е Ѓунер Исмаил за да руши споменик на еден од великаните во Македонската илинденска епопеја?

Од:

Граѓанската иницијатива за заштита на ликот и делото на борците за Македонија денеска ја осудија изјавата на Ѓунер Исмаил, член на СДСМ, во која тој повика на топење и ремонтирање на спомениците во Скопје.

„Ѓунер Исмаил јавно се закани дека со динамит ќе ги крене спомениците на борците заслужни за Македонија. Замислете, Ѓунер Исмаил човек кој со ништо не придонесе за било што во развојот на оваа држава, ќе го руши споменикот на Никола Карев еден од луѓето кои ја создадоа првата Република и човек кој е еден од најсветлите ликови во Македонската историја. Кој е Ѓунер Исмаил, за да руши споменик на еден од великаните во Македонската илинденска епопеја?“, изјавија од Граѓанската иницијатива.

Членовите на оваа граѓанска инцијатива сметаат дека споемниците за народото се оддавање на почит спрема сите оние кои ги жртвуваат животите за македонската слобода и народот нема да дозволи нивно сквернавање ниту со зборови, а уште помалку со нивно рушење.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски