Уште еднаш оовторувам дека имаме многу среќа што Соединетите Американски држави како наш партнер се многу заинтересирани да ни помагаат да ја оставиме назад оваа политичка криза, мислам дека сега е моментот сите заедно да направиме да не трае повеќе оваа политичка криза, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи по средбата со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд.
– Тие немаат толку време да зборуваат за конкретни работи, тука е амбасадорот, екипата што учествуваат во преговорите, мислам дека повеќе се работеше за стратешки начела што понатаму. По тоа што се однесуваа политички до денеска не можам да имам надеж, но мислам дека денеска ќе добиваат многу по остри пораки. Конкретната порака е да направиме се да ја прекинеме политичката криза и да се договориме да одиме на избори, рече Тачи.
Александар Тодески