Севернокорејската армија се закани дека ќе преземе физички дејствија против распоредувањето на американскиот систем за противракетна одбрана во Јужна Кореја, јави Јонхап.
– Народна Демократска Република Кореја ќе преземе физички дејствија за да го контролира физичкиот систем ТХААД (противракетен комплекс за пресретнување ракети на височина вон амосферата), се вели во соопштението на армијата.
– Тоа ќе се случи во момент кога ќе бидат потврдени позициите во Јужна Кореја, наведуваат вооружените сили на Северна Кореја, според кои системот е „Инструмент за светската доминација на САД“.
– Армијата на Северна Кореја е подготвена да изврши безпоштеден соодветен напад и да ја претвори Јужна Кореја во море од оган и купишта пепел во моментот, кога ќе добие наредба да го стори тоа, се додава во соопштението.