Викторија Нуланд во посета на Скопје

Од:

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, денеска ќе ја посети Македонија.

Како што соопшти Амбасадата на САД во Скопје, за време на посетата, таа ќе има средби со претставници на Владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество.

На средбите, според соопштението, ќе се разговара за билатералните и регионалните прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Специјалното јавно обвинителство, како и создавањето услови за кредибилни избори.

Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар.

Би можело да ве интересира

Викторија Нуланд: Ќе воведеме нови санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ да не држат лекции, и тие уништуваа енергетски мрежи, сетете се на Србија

Катерина Ѓуровски

Османи-Нуланд: Стратешкиот дијалог претставува потврда за силното сојузништво меѓу Македонија и САД

Бајден ги именува најважните дипломати во Стејт департментот, Нуланд се враќа како потсекретар

Викторија Нуланд ќе биде потсекретар за политички работи на САД

(ВИДЕО) Нуланд: Заминувам охрабрена од Скопје, деновиве ќе се постигне договор

А1он