Груевски до Нуланд: Опозицијата да признае дека сите услови се исполнети

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот Викторија Нуланд.

На средбата се разговараше за актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза како и стратешкиот интерес на Македонија за членство во НАТО Алијансата.

Соговорниците се сложија дека суштински важно е излез од политичката криза, за што е потребен ангажманот и придонесот на сите политички чинители во постигнување на решенија кои ќе внесат доверба во процесите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека изборите се единствен излез од наметната политичка криза од страна на опозицијата, дека ВМРО-ДПМНЕ ги посакува и е подготвена за нив, но и го посочи фактот дека за да тие се случат потребно е обврзување од страна на опозицијата дека сите услови за избори се исполнети, нема пречки за нивно одржување и дека ќе учествуваат на истите, со цел да не се создаваат нови изговори за нивно ново одложување.

Беше истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси, членство во НАТО алијансата како и спроведување на интензивната реформска агенда поврзана со ЕУ која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите во повеќе сфери, како и законските решенија кои се предложени од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Груевски се заблагодари за досегашната поддршка на САД, со што беше договорено интензивната комуникација да продолжи и во идниот период за сите прашања и области од заеднички интерес.

Би можело да ве интересира

Груевски: Треба да се направи тунел под Водно со осум коловозни ленти

Горан Наумовски

Захарова: НАТО и ЕУ да не држат лекции, и тие уништуваа енергетски мрежи, сетете се на Србија

Катерина Павлова-Николовска

Османи-Нуланд: Стратешкиот дијалог претставува потврда за силното сојузништво меѓу Македонија и САД

Сијарто: Екстрадицијата на Груевски е правно, а не политичко прашање

Ана Ололовска

„Репортинг Демокраси“: На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот

Ана Ололовска

Можно е замрзнување на имотот и блокирање на сметките на Груевски во странство

Кристијан Ландов