Додека сакав да го ставам македонското знаме на штитот на еден од специјалците, дечкото што се нарекува специјалец и што дал заклетва пред Уставот, суверенитетот и легитимитетот на државата го искина знамето, ми го фрлаше знамето, рече пред демонстрантите Благојчо Георгиев.
– Дали сте свесни дека кревате рака на вашите браќа, сестри и братучеди? Сум се борел, сум имал против кого да се борам, сум ја бранел државата. Вие од кого ја браните државата? Вие браните криминалци. Нели ви е срам, пред кого дадовте заклетва, или се уште не сте стигнале да ги вратите тие 5 илјади евра кои ги дадовте на Чавков за да ве прими? Нели ви е срам, рече Георгиев.