Денеска претпладне во Македонија, времето ќе биде сончево со умерена облачност.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 27 до 34 степени.
Во четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време. Претпладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието.
Од петок следува период на стабилно и топло време. Дневните температури ќе бележат благ пораст.