Јуни бил потопол од вообичаеното за два степена

Од:

Средномесечните температури на воздухот во текот на јуни во Македонија се повисоки од просечните за еден до два степена, покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Повисоки за два степени се и средномесечните максимални и минимални температури, соопшти УХМР.

Средномесечните температури на воздухот во текот на месец јуни во Репбулика Македонија се движеа од 16.3 степени во Лазарополе до 25.2 степени во Гевгелија (17.0 степени во Маврово, 18.4 степени во Битола, 19.9 степени во Скопје, 23.4 степени во Штп, 23.5 степени во Струмица и 24.3 степени во Демир Капија).

Значително високи вредности на максималните темеператури се регистрирани во цела Македонија во втората и третата декада од месецот кои достигнаа до 39.1 степени во Гевгелија. Сепак, апсолутните вредности на максималната температура за месец јуни не беа надминати.

Измереното месечно количество на врнежи во јуни 2016 изнесува од 19 мм во Гевгелија до 69 мм во Берово (21 мм во Битола, 24 мм во Д.Капија, 33 мм во Скопје, 34 мм во Лазарополе, 38 мм во Струмица, 40 м во Охрид, 42 мм во Прилеп, 44 мм во К.Паланка, 48 мм во Штип и 62 мм во Маврово).

Измерените количини на врнежите се просечни или малку под просекот за многугодишен период.
Исто така, бројот на денови со појава на врнежи е во рамките на просечните вредности, а вредностите на дневниот максимум на врнежи не се надминати.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски