Се уште немаме официјална бројка за повредени студенти, информацијата ќе ја кажеме во текот на денот, рече Магдалена Петкова од Студентскиот пленум на прашање колку студенти се повредени при интервенцијата на ЕБР.
– Од наша страна немаше никаков обид за насилно одземање на кутиите на Студентскиот парламент, напротив ние се буневме само за нерегуларностите што се случуваа на факултетите, односно при изборот на претседател на Студентскиот парламент. Немаше никакво туркање, ниту намера од наша страна да се земат тие кутии, никаква намера, рече Петкова.