Голем број припадници на Единицата за брзо распоредување ги турка членовите на Студенткиот пленум, за да го ослободи просторот пред седиштето на СПУКМ, каде во седиштето се кријат и се заклучени од внатре претседателот со истечен мандат и неколкумина кои ги зедоа со сила гласачките кутии. За голем дел од учесниците во изнесувањето на кутиите е веќе познато дека се членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Студентите извикуваат “Стоп за полициската бруталност“.