Ова е уште еден доказ дека ако сме сите сплотени, не Митко Чавков, туку никој не ни може ништо, рече Замир Мехмети откако си замина полицијата која го сопре комбето на Шарената револуција.
– Тие се кукавици, научени се да прават проблеми кога нема да наидат на отпор, тие нема да можат ништо додека ние сме сплотени, затоа што тие заштитуваат криминалци, а ние се бориме за правдата, рече Мехмети.
Качен на комбето, тој запали факел и вееше Македонско знаме.