Шарена револуција најавува протест во понеделник, 27.јуни, пред СЈО во 19 часот.
Еве што напишаа во повикот:
Правдата е под сериозна закана. Протестирам!
Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам!
Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам!
Власта сака да преговара тајно. Протестирам!
Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам!
Протестирам со Шарена револуција во понеделник (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина – СЈО!
Борбата за правда продолжува!
Криминалот веќе нема да смее да проаѓа пред очите на граѓаните!
Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци!
Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода!
Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!