Премиерката на Шкотска Никол Стуржон, истакна дека имала многу несогласувања со Дејвид Камерон, но дека му посакува се најдобро, по што кажа дека “Шкотска ги рагледува опциите“.
-На маса е и можноста за втор референдум во Шкотска, која јасно покажа дека иднината ја гледа во Европската унија, рече Стуржон.
Таа кажа дека “демократски е неприфатливо“ Шкотите да бидат извлечени од ЕУ спроти нивната волја и најави за утре седница на владата.
Шкотска со двотретинско мнозинство гласаше за останување во ЕУ, односно со 62 проценти.
-Референдумот за Брегзит доведува до значајни материјални промени на Уставот. Сега на маса е вториот референдум за независност на Шкотска. Денеска дојде до значајни разлики помеѓу Шкотска и остатокот на Британија, поради што изразувам длабоко жалење, рече премиерката на Шкотска.