(ВИДЕО) Заев: Опозицијата нема да учествува во работата на Собранието, се додека Уставниот суд не се изјасни за СЈО

Од:

Осум месеци трае постапката на Уставниот суд за иницијативата за СЈО. Додека не се изјасни Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, опозицијата нема да учествува во работата на Собранието. Сите политички партии треба да докажат дека навистина ја поддржуваат работата на СЈО, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција во партиското седиште.

Ова е важно по вчерашното срамно обраќање на Ѓорге Иванов и да отвори пат на Никола Груевски да го суспендира СЈО. Договорот од Пржино не може да се смета за одржлив без обезбедување на владеење на правото и почитување на законите. Единствениот излез од кризата во која ја втурна Никола Груевски е владеење на правото и создавање услови за фер и демократски избори, рече Заев.

Тој истакна дека мора да се уважи и почитува граѓанскиот глас, како и дека мора да прекине прогонот на луѓето кои протестираат.

Опозицијата, рече Заев, се согласува граѓаните да бидат активно вклучени во решението на кризата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага