Северна Кореја најверојатно подготвува ново експериментално лансирање на ракета со среден дострел, по низата неуспеси во тестирањето на тој вид оружје, со кое може да се погоди и американската база Гуам во Тихи Океан, објавија денеска јужнокорејски медиуми.
Неименуван јужнокорејски висок претставник изјави дека Северна Кореја најверојатно ја подготвила ракетата Мусудан за лансирање на својот источен брег.
Северна Кореја годинава четирипати неуспешно се обидува да лансира ракети од типот Мусудан со дострел од 2.500 до 4.000 километри. Со неа може да се погоди Јужна Кореја и Јапонија, а евентуално и островот Гуам.
– Откривме знаци кои упатуваат дека Северна Кореја се подготвува за лансирање на ракета Мусудан – изјави висок владин претставник за јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.
Слични информации во Јапонија објавија и агенцијата „Кјодо“ и мрежата НХК.
Јужнокорејското Министерство за одбрана не ги потврди информациите, туку само соопшти дека „внимателно ја следи ситуацијата“.