Шарена Револуција: Власта прави местенки преку Брзата помош

Од:

Би сакале да ја информираме јавноста за злоупотребата и нечовечките методи кои ги користи власта да ја креира лажна слика за шарената револуција. Предмалку, на блокадите на мостот Гоце Делчев, во исто време дојдоа две возила на брзата помош кои беа празни, што се гледа од фотографиите во прилог. Возачите уште при првиот застој излегоа да се расправаат со демонстрантите, иако тие уредно им направија место веднаш да поминат, велат од Шарената револуција.

„Целата оваа ситуација е документирана преку фотографиите на кои се гледа дека возилата се празни и дека не превезуваат пациенти. Во моментот кога оваа режирана сцена се случуваше, се појавија и камерите на провладините медиуми кои „случајно“ го снимија овој настан и веднаш потоа заминаа.

Ова е очигледна и перфидна манипулација преку злоупотреба на јавното здравство и возилата на брзата помош. Во услови кога пациенти чекаат со часови на брза помош, власта ги злоупотребува возилата за политички местенки.

Веќе бевме сведоци на провокациите на минатата блокада, но овој пат дрскоста отиде предалеку. Ги повикуваме нашите поддржувачи на смиреност, а граѓаните на будност во однос на ваквите лажни свенарија кои ги подготвува власта. Горенапишаното е вистината за денешната ситуација, ги замолуваме медиумите да ја пренесат како граѓаните не би биле манипулирани“, стои во соопштението на Шарената револуција.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска