Демонстрантите од Шарената револуција точно на пладне ги блокираа мостовите Гоце Делчев, Слобода и мостот Мајка Тереза. На мостовите, тие напишаа двојка, која означува уште два дена до датмуот кој шарените го дадоа како рок за исполнување на нивните барања. Веднаш до двојката, со боја напишаа „Ситно броиме“.
„Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине“, напиша Шарената револуција на својот Фејсбук профил.
Александар Тодески