Сите сме заедно против злото, сите сме заедно против Груевизмот додека не падне. Вториот успех е тоа дека Шарената револуција успеа да ги спушти етнички ѕидови кои ги градат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, нема веќе етнички ѕидови, сите сме заедно против диктатурата на Груевски, рече пред демонстрантите Џелал Хоџиќ.
Почитувани граѓани, да не излегувавме масовно, некогаш и по десетици илјади во Скопје на улица, сега ќе имавме завршени уште едни криминални и наместо Ставрески да си дава оставка, денеска ќе формираа нова Влада. Нема да им помине. И ова е уште една наша голема победа. Да не бевме упорни овие два месеца, аболицијата ќе важеше за криминалците и тие немаше да одговараат за криминалите кои ги направија, рече Хоџиќ од пред Владата.