19:50 Обоен булеварот пред Владата. Нацртан триаголник, на чии страни е испишано: слобода, правда еднаквост. Се мава со боја на Владата.
Ново бојадисување на Владата #Протестирам #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/Ok7fXg6DRX
— META.mk (@meta_agency) June 15, 2016
19:40 Ечи песна „Во борба“ пред Влада. Се очекуваат говори пред демонстрантите.
Ечи песна „Во борба“ пред Влада. Се очекуваат говори пред демонстрантите #Протестирам #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/p18bTQGhHX
— META.mk (@meta_agency) June 15, 2016
19:27 Протестниот марш пристигна пред Владата.
19:17 Демонстрантите се движат кон Владата.
Тргна протестниот марш на #ШаренаРеволуција #протестирам pic.twitter.com/atQ3D3jBG5
— META.mk (@meta_agency) June 15, 2016
19:10 Шарените револуционери велат дека уште еднаш ќе ја покажат својата бескомпромисност.
18:55 Дел од демонстрантите носат транспаренти со ликот на Ставрески и неговата изјава од бомбите.
18:30 „Тоа не е кривично,само прекршочно дело!”.
17:45 #Протестирам денес повторно на улица! Излегуваме на протест да потсетиме на барањата кои се уште не се исполнети. Прогонот кон борките и борците за правда не запира, а и Уставен суд се’ уште не се произнесува за уставноста на Законот за СЈО. Одлучни сме и посветени да ги применуваме сите форми на протест и отпор се до исполнување на барањата и ден потоа. Денешниот протест е посветен и на борбата против хомофобичните напади и говорот на омраза кој деновиве е значително присутен и насочен кон нашите ЛГБТИ другарки и другари. Протестираме за општество во кое ваквите напади ќе бидат соодветно осудени и спроведени. Протестираме за првда и слобода! Се гледаме на улица! Ќе има правда, ќе има мир!