(ВИДЕО) Павле Богоевски заработи прекршочна пријава

Од:

Веднаш по завршување на одбројувањето на Шарената револуција за ултиматумот кој го поставија, Павле Богоевски доби прекршочна пријава за сторен прекршок, односно за четворката која со боја демонстрантите ја напишаа пред Триумфалната порта.

– Денеска симболично броевме уште 4 дена до 18 јуни, денот до кога дадовме рок на владата да постапи по нашите барања. Веднаш по одбројувањето повторно ја почувствувавме селективната правда и прогонот на Митко Чавков и на фамилјата врз демонстрантите, имено ме легитимираа и ми дадоа платен налог за сторен прекршок, додека вистинските криминалци кои раководат со државата се уште се на слобода и судовите одвај можат да се дрзнат да им го одземат пасошот, а не дај боже да ги стават во притвор, рече за А1он Павле Богоевски.

Демонстрантите од Шарената револуција велат дека дале до знаење како на актуелната, така и на идните власти дека сите прекршочни и истражни постапки против граѓанските активисти мораат да престанат.

– Ова е пример за прекршување на основни човекови права за изразување на граѓански револт и протест, рече за А1он демонстрант од Шарената револуција.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска