Тројца работници вработени во РЕК „Битола“ се задржани на лекување во Интерното одделение на Битолската клиничка болница, откако претпладне биле примени заради проблеми со органите за дишење.
изјави дека вработените биле донесени во болницата во претпладневните часови и веднаш им била укажана лекарска помош и заштита.
– Лицата се задржани во Интерното одделение, извршена е лекарска контрола и според првичното дијагноститицрање најверојатно станува збор за т.н. голтање на прашина или предизвикување проблем во дишењето од прашина. Наскоро тројцата работници ќе бидат пуштени на домашно лекување, потврди портпаролот на Клиничката болница-Битола, Јагода Стојановска,
Според извори од битолската полиција, тројцата работници вдишале јаглерод моноксид и во состојба на бессознание се пренесени во Клиничката болница во Битола.
Настанот го потврди портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, која повеќе детали за случајот најави за подоцна.
Стаматова засега само потврдува дека тројцата работници се надвор од животна опасност.