По врнежливиот период од утре не очекува суво и топло време.
Во текот на продолжениот празничен викенд се очекува температурите да достигнат и до 40 степени.
Инаку времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 16, а дневната од 20 до 28 степени.