Герила акција на Шарената револуција: Остануваат уште седум дена

Од:

Учесници на Шарената револуција со герила акција на “Skope street festival“ во градскиот парк. Тие порачаа дека остануваат само уште седум дена за исполнување на барањата, а по тој период ништо повеќе нема да биде исто.

-Последниве денови слушнавме еден куп ветувања од страна на Груевски, кој одново бил реформски расположен. Од неговите ветувања овие 10 години единствено видовме задолжена држава, егзодус на граѓани и институции заробени од партијата.

Граѓаните знаат дека Груевски не може да спроведува реформи!

И порачуваме на власта и надлежните институции дека остануваат уште 7 дена до 18 јуни, рокот за целосно стопирање на прогонот врз демонстрантите и за потврда на уставноста на СЈО, порачаа од Шарената револуција.

Фото: Ванчо Џамбаски

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска