Мадона извесна време сакаше да се сретне со американскиот претседател и нејзината желба во четвртокот беше исполнета.
Минатата година во интервју таа кажа: Личноста со која најмногу сакам да се видам е претседателот Барак Обама. Тој досега требаше да ме покани во Белата куќа.
Мадона не беше поканета во Белата куќа, но беше поканета во “Tonight Show“ на Џими Фелон каде гостин беше токму американскиот претседател Барак Обама.
Таа во текот на емисијата ја испеа “Border line“, а претходно на социјалните мрежи сподели заеднички фотографии со Обама со коментар: Единствениот момент во животот кога останав без зборови“.