Следна солидарна акција на „Протестирам“: Аукција на обоените постери

Од:

Освен акцијата во кафе-бар „Излет“ на која граѓаните донираа 15.528 евра за поддршка на демонстрантите на Шарената револуција што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави, демонстрантите најавуваат и други акции за собирање на финансиски средства, јави агенцијата Мета.

Една од следните акции ќе биде аукција на постерите со ликовите на политичарите кои беа боени од страна на демонстрантите за време на протестите: претседателот Ѓорге Иванов, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот премиер Никола Груевски.

Од Шарената револуција велат дека поседуваат четири од шесте обоени слики од чија продажба средствата ќе бидат наменети за финансиска помош на казнетите демонстранти.

Од оваа граѓанска организација најавуваат дека е во процедура и отворање на жиро-сметка на која граѓаните ќе можат да донираат парични средства.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска